Рускиот претседател Владимир Путин планира да разговара со кинескиот лидер Си Џинпинг пред Нова година, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Loading...
– Навистина, има планови за комуникација, навремено ќе се огласиме заедно со нашите кинески пријатели – одговори Песков на новинарско прашање, пренесува агенцијата ТАСС.
На прашањето да се прецизира форматот на комуникацијата, портпаролот на Кремљ истакна дека е премногу рано да се зборува за тоа.