Путин: Пад на рускиот БДП годинава за 2,5 отсто

Сподели со своите пријатели

Бруто домашниот производ (БДП) на Русија ќе се намали за околу 2,5 отсто во 2022 година, најави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти.

Loading...

Намалувањето на БДП до крајот на годината е проектирано на околу 2,5 отсто, рече тој, додавајќи дека „западната пресметка за падот на руската економија, како што гледаме, како што гледаат сите, не се оствари„, пренесува агенцијата Тасс.

Путин изјави дека Русија ќе ја прошири трговската соработка со новите партнери, вклучително и пренасочување на протокот на гас кон своите источни соседи, како дел од борбата против западните санкции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Имам уште половина ден: Трамп за ставањето крај на војната во првите 24 часа

Во телевизиско обраќање, како што јави Ројтерс, шефот на руската држава рече дека Русија ќе развие економски односи со партнерите во Азија, Африка и Латинска Америка со цел да ги спречи напорите на Западот да го изолира економски.

Ќе ги отстраниме ограничувањата во логистиката и финансиите.

– Со воведување санкции, западните земји се обидоа да ја турнат Русија на периферијата на светскиот развој. Никогаш нема да тргнеме по патот на самоизолација. Напротив, ја прошируваме и ќе ја прошириме соработката со секој што е заинтересиран за тоа“, рече тој.

Според него, санкциите наметнати на Русија отвораат нови можности и станаа поттик за изградба на економија која има целосен суверенитет.

„Санкциите поставија многу тешки задачи пред нашата земја. Имаше проблеми со компонентите, немање технолошки решенија, нарушувања во нормалното функционирање на логистиката. Од друга страна, тоа отвора нови можности, и станува поттик за градење економија која има целосен, а не делумен, технолошки, производствен, кадровски и научен суверенитет“, рече Путин.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто европските трупи не се многу ветувачки за Украина?

Како што јави Тасс, тој нагласи дека е важно не само да се заменат некои увезени артикли со домашни, туку и да се постигне лидерство во клучните, витални области, како што се вештачката интелигенција, преносот на податоци, новите индустриски технологии.

Тој потсети и на неговиот план за изградба на нов „гасен центар“ во Турција, наведувајќи дека цените за продажба на гас во Европа ќе се дефинираат со помош на таа „електронска платформа“.

Путин рече дека Русија нема потреба да се задолжува во странство и дека благодарение на силниот платен биланс… не мора да биде во ропство.

Отпорноста на јавните финансии на Русија е зачувана. Од крајот на јануари до ноември оваа година федералниот буџет забележа суфицит од 560 милијарди рубљи (8,22 милијарди евра), а консолидираниот буџет од 1,45 трилиони рубљи (21,3 милијарди евра), прецизираше рускиот лидер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што мислат Русите за Трамп и зошто се сомневаат дека ќе стави крај на војната во Украина?

Путин, исто така, најави дека Русија извезла околу 22 милиони метрички тони жито во изминатите пет месеци, главно во азиските и африканските земји, а е подготвена да испорача уште 4-5 милиони тони до крајот на годината.