Односите меѓу Русија и Кина достигнаа највисоко ниво во последните години, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со кинескиот вицепремиер Џанг Гуокинг.
Loading...
Путин нагласи дека Русија и Кина ќе продолжат да ја подобруваат соработката, пренесе РИА Новости.
Путин рече дека фактот што кинескиот претседател Си Џинпинг, по неговиот реизбор на оваа функција, првпат ја посети Русија во март, сведочи и за никогаш подобрите односи меѓу двете земји.
Путин и Џанг се состанаа на маргините на Источниот економски форум, кој се одржува од 10 до 13 септември во Владивосток, во кампусот на Далечниот источен федерален универзитет (ФЕФУ).