Путин нема да присуствува на погребот на Шинзо Абе

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, изјави за ТАСС портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков изјави дека Путин нема да присуствува на погребот на Абе и дека присуството на други официјални лица зависи „од протоколарните правила“, пренесува ТАС С.

Тој претходно изјави дека Кремљ длабоко жали за смртта на поранешниот јапонски премиер и изрази сочувство до народот на Јапонија.

Погребот на Шинзо Абе ќе се одржи на 12 јули годинава во неговиот роден град Шимоносеки, пренесува ТАС С, повикувајќи се на агенцијата Кјодо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бил Гејтс донира 912 милиони долари за борба против три болести

Абе беше убиен во градот Нара вчера додека држеше говор за политичка кампања пред парламентарните избори во Јапонија закажани за 10 јули оваа година, јави ТАС С.