Путин не простува: Адвокатите на Навални осудени на долги затворски казни

Loading...
Сподели со своите пријатели

Тројца адвокати на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални во петокот беа осудени на затворска казна од три и пол до пет и пол години поради припадност на екстремистичка група, пренесува Медиазона.

Вадим Кобзев, Игор Сергунин и Алексеј Липцер беа уапсени во октомври 2023 година и ставени на официјалната листа на „терористи и екстремисти“ следниот месец.

Навални, кој неочекувано почина минатата година во казнена колонија на Арктикот, беше осуден за екстремизам и други злосторства, што тој ги негираше.

Неговата сопруга Јулија Навалнаја рече дека адвокатите се политички затвореници и дека биле уапсени само затоа што ја извршувале својата работа.

Кремљ соопшти дека не коментира поединечни судски случаи, но властите ги оцрнуваат Навални и неговите поддржувачи како предавници поддржани од Западот и чија мисија е да ја дестабилизираат Русија.

Според Медиазона, Сергунин е осуден на три и пол години затвор во казнена колонија, Липсер доби пет, а Кобзев пет и пол години затвор.

Нивното судење се одржа зад затворени врати.