Германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во вторник во Москва на разговори со рускиот претседател за деескалација на тензиите на руско-украинската граница. Во тек е состанокот.
Наместо рускиот тест, Шолц одлучил лекар од германската амбасада да направи ПЦР тест, што е предуслов за влез во Кремљ на средба со рускиот претседател Владимир Путин, велат извори од германската делегација.
Францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела исто така одби да се подложи на руски ПЦР тест пред средбата со Путин.
Кремљ соопшти дека очекува „подолги“ разговори бидејќи Путин и Шолц имаат „многу прашања за разговор“.
Портпаролот на Кремљ ги опиша предупредувањата дека Русија утре ќе изврши нов напад врз Украина како „неоснована хистерија дизајнирана да ги ескалира тензиите“.
Запрашан за реакцијата на рускиот претседател на западните извештаи за планирана инвазија, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин се пошегувал „ не ли е објавено точното време на војната“.