Путин: Наскоро ќе заврши уништувањето на воената инфраструктура во Украина!

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин ја нарече тешка одлуката за започнување специјална воена операција во Украина.

Loading...

Шефот на државата во саботата се сретна со жените од летачкиот екипаж на руските авиокомпании, а за време на средбата беше прашан за целите на специјалната операција во Украина.

– Тоа го кажав на почетокот на операцијата и зборував пред да се донесе оваа одлука. Тешка одлука, без никаков сомнеж – рече Владимир Путин, одговарајќи на прашањето.

 

Блинкен во посета на Полска додека Русија ги интензивира нападите врз Украина

 

Претседателот на Русија рече дека постојат многу различни варијанти на демилитаризација на Украина, кои се на преговарачка маса со Киев и дека се надева на позитивна реакција.

– Русија веднаш одговори на повикот од Киев до нашите војници во врска со Мариупол, отвори хуманитарен коридор, но тие не пуштаат луѓе – рече Путин.

Loading...

Во случај Украина да влезе во НАТО, се додека во таа земја има граѓанска војна, тоа ќе и даде можност да го нападне Крим, рече Путин.

– Се повеќе се зборува дека Украина ќе биде примена во НАТО. Дали разбирате што може да се случи? Ако продолжат да спроведуваат воена операција во Донбас, тоа значи и дека ќе го нападнат Крим. И тогаш што? Дали треба да се бориме со цело НАТО? Дали сте свесни за последицата? Мислам дека сите се свесни за тоа – рече Путин.

 

Блинкен во посета на Полска додека Русија ги интензивира нападите врз Украина

 

Според него, во Русија нема да се воведе вонредна состојба и нагласи дека во операцијата во Украина не е вклучен ниту еден регрут и дека во неа се вклучени само професионалци.

Претседателот на Русија изјави дека руската армија наскоро ќе ги заврши сите задачи поврзани со уништување на воената инфраструктура на Украина.

„Санкциите против Русија се исто толку тешки како и објавувањето војна“, рече Путин.

Loading...