Путин на Зоолошката градина во Пјонгјанг ѝ подари повеќе од 70 животни

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин на зоолошката градина во Пјонгјанг ѝ подарил повеќе од 70 животни, меѓу кои лав и две кафени мечки, соопшти денеска руското Министерство за природни ресурси.

Loading...

„Животните историски заземаа важно место во меѓудржавните односи, во знак на поддршка, добрина и грижа, денес на моите корејски пријатели им подарувам подарок од Владимир Владимирович Путин“, изјави рускиот министер за природни ресурси Александар Козолов, кој ги предаде животните  во зоолошката градина.

Покрај африканскиот лав и мечка, во Пјонгјанг пристигнале и два домашни јака, пет бели какаду, 25 фазани од различни видови и 40 патки, пренесува Интерфакс.

Козолов истакна дека зоолошките градини на Москва и Пјонгјанг соработуваат повеќе од 13 години, а во главниот град на Северна Кореја пристигнале млади поединци, способни за репродукција.

Трансферот на животни од Русија беше овозможен благодарение на влезот на зоолошката градина во Пјонгјанг во Евроазиската регионална асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.