Путин му се јави на Нетанјаху. Разговарале за Блискиот Исток, но не и за Газа

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти прес-службата на Кремљ.

Loading...

Според руските власти, лидерите на двете земји разговарале за напнатата ситуација на Блискиот Исток.

„Руската страна ја потврди својата цврста позиција во корист на исклучиво мирно решавање на проблемите и конфликтите што постојат во регионот“, соопшти Кремљ.

Путин ја нагласи важноста од поддршка на единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.

Рускиот претседател, исто така, ја изрази подготвеноста на Русија да помогне во изнаоѓањето преговарачки решенија поврзани со нуклеарната програма на Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелските војници одбиваат наредби, отпорот кон војната расте