Путин му го честиташе на Лукашенко Денот на независноста на Белорусија

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му го честиташе Денот на независноста на Белорусија на белорускиот претседател Александар Лукашенко, со порака дека врските на пријателство и взаемна помош остануваат сигурна основа за развојот на односите меѓу двете земји.

Loading...

Тој рече дека Белорусија и Русија плодно соработуваат во различни насоки и ефикасно ги координираат напорите во соочувањето со надворешните закани и предизвици.

Во телеграмата испратена до Лукашенко, Путин додаде дека поминале точно 80 години од денот кога Црвената армија, „во чии редови се бореле нашите татковци и дедовци рамо до рамо“, го ослободила Минск од нацистичките освојувачи, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина тврди дека соборила 32 руски дронови

Денеска Белорусија го слави Денот на независноста, главниот празник на белоруската државност, во спомен на ослободувањето на Минск на 3 јули 1944 година, кој беше под нацистичка окупација во Втората светска војна.