Во неделата Северна Кореја објави дека рускиот претседател Владимир Путин изразил подготвеност да ја посети нивната земја во блиска иднина, но не спомена конкретен датум.
Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ја истакна намерата на Путин да ја посети по средбите на севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи со Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров минатата недела во Москва.
Во соопштението објавено од државните медиуми, Министерството наведува дека двете земји се договориле за понатамошна стратешка и тактичка соработка со Русија со цел да се воспостави „нов мултиполаризиран меѓународен поредок“, што се однесува на нивните напори да изградат обединет фронт против Вашингтон.
Путин веќе ја потврди својата подготвеност да го посети Пјонгјанг во погоден момент кога се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на рускиот далечен исток во септември.
Инаку, севернокорејскиот лидер е еден од ретките кои отворено ја поддржуваат војната на Путин против Украина, пренесува pbs.org.
Во екот на обвинувањата дека официјален Пјонгјанг и испорачува на Русија со проектили и муниција, Велика Британија на експерти на ОН им испрати сателитски фотографии на кои се гледа товарењето на руски бродови во севернокорејско пристаниште, објавија денеска британските медиуми.
Велика Британија достави сателитски снимки до комисија составена од експерти на ОН, како дел од обидот да започне официјална истрага за зделки со оружје што ги прекршуваат меѓународните санкции, пишува Гардијан.