Путин изрази сочувство за смртта на Кисинџер

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин изрази длабоко сочувство за смртта на поранешниот американски дипломат Хенри Кисинџер.

Loading...

Во телеграма до вдовицата на Кисинџер, Ненси, Путин рече дека тој е мудар и далекувид државник, објави Кремљ.

„Почина исклучителен дипломат, мудар и далекусежен државник, кој со децении уживаше заслужен авторитет ширум светот“, рече Путин.

Тој потсети дека името на Кисинџер се поврзува со прагматична политика која овозможи да се постигнат детант и важни договори со САД, пренесува РИА Новости.

Кисинџер, контроверзниот добитник на Нобеловата награда и моќен дипломат чија служба под двајца претседатели остави неизбришлива трага во американската надворешна политика, почина на 100-годишна возраст.

Како државен секретар во седумдесеттите години на минатиот век во администрацијата на Ричард Никсон, тој учествуваше во клучните глобални настани од таа деценија.

Неговите напори доведоа до дипломатско отворање на Кина, историски американско-советски разговори за контрола на оружјето, проширување на врските меѓу Израел и неговите арапски соседи и Парискиот мировен договор со Северен Виетнам.