Путин има три услови за крај на војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на францускиот претседател Емануел Макрон дека решението на кризата во Украина е можно само ако, како што рече, безусловно се земат предвид легитимните безбедносни интереси на Русија, вклучувајќи го и признавањето на рускиот суверенитет над Крим, демилитаризацијата и денацификацијата на украинската држава и обезбедување на неутрален статус на Украина.

Путин му рекол на Макрон дека Москва е отворена за разговори со Киев, објави Кремљ, а пренесува Спутник.

„За време на долгиот телефонски разговор на иницијатива на француската страна, рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон имаа сериозна и значајна размена на мислења за сите аспекти на ситуацијата во врска со Украина“, се вели во соопштението.

Претседателот на Франција денеска разговараше и со украинскиот лидер Володимир Зеленски, соопшти Елисејската палата.