Путин: Има напредок во преговорите со Украина

Сподели со своите пријатели

Руско-украинските преговори се водат практично секој ден и во нив е постигнат одреден напредок, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

„Сигурно ќе ве информирам за ситуацијата во врска со Украина, пред се за напредокот на преговорите кои се водат речиси секој ден. Има некои позитивни случувања, судејќи според она за што ме информираа нашите преговарачи“, рече Путин, а пренесува руската агенција ТАСС.