Светската јавност со страв и вознемиреност ја следи инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин.
Во моментов тој е еден од најозборуваните луѓе, а 69-годишниот Путин долго време го крие својот приватен живот од медиумите и јавноста.
Јавно ги сподели само деталите кои го градат имиџот на мачо мажот кој сака да биде. Така тој беше фотографиран како јава коњи, крева тегови и позира без маица.
Тој толку многу ги штити своите деца од јавноста што јавноста не ни знае колку ги има.
Познато е дека со поранешната сопруга има две ќерки, но медиумите со години шпекулираат дека неговата девојка ја родила третата ќерка во 2015 година.
Еве што се знае за децата на Путин:
Рускиот претседател има две ќерки од првиот брак со поранешната стјуардеса Људмила Шкребњев, со која бил во брак три децении до разводот во 2013 година. Нивните ќерки се Марија и Катерина.
Марија е родена во Санкт Петербург, односно тогашен Ленинград, во 1985 година, а Катерина е родена една година подоцна во Германија, каде што семејството се преселило поради работата на Путин во КГБ. Имињата ги добиле по нивните баби.
Семејството се преселило во Москва во 1996 година, а девојчињата посетувале училиште на германски јазик.
Откако Путин стана претседател, тие биле испишани од училиште и своето образование го продолжиле дома.
„Не се сите татковци толку грижливи кон децата како него. Тој ги разгалуваше, јас бев таа што требаше да ги дисциплинира“, вели Људмила.
Марија студирала биологија и медицина, додека Катерина студирала азиски студии. И двата факултети ги посетувале со лажни имиња.
Путин има две ќерки: За нив никогаш не зборува, тие се мистерија за светот (ВИДЕО)
Марија денес има 36 години и живее во Москва со сопругот Данец Јорита Фасен, а наводно имаат и едно дете.
Во 2017 година, Путин му откри на режисерот Оливер Стоун дека е дедо и додаде: „За жал, ретко играм со моите внуци“.
Катерина наводно живее луксузен живот и собира богатство. Се занимавала со акробатски танц, а денес работи на Московскиот универзитет и води стартап вреден 1,7 милијарди долари.
Таа се омажила за рускиот милијардер Кирил Шамалов во 2013 година, но се развеле пет години подоцна. За време на разводот беше откриено дека нивното богатство се проценува на две милијарди долари.
На интернет речиси и да нема фотографии од ќерките на Путин, само неколку од оние на Катерина кога таа играла.
Медиумите шпекулираа дека Путин има трета ќерка со поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, но ниту нивната наводна врска ниту постоењето на детето никогаш не се официјално потврдени.
Рускиот претседател ги држеше своите постари ќерки подалеку од медиумите и политиката, за да живеат нормален живот.
Катерина неколку пати се појавувала во јавноста, но никогаш не се навестувала дека е ќерка на Путин.
Путин спомна една ќерка во 2020 година, кога штотуку се појави руската вакцина против коронавирус. Тој тогаш рече дека една од нив бил вакцинирана, но не сакаше да открие која.
„Таа учествуваше во овој експеримент. Таа се чувствува добро и има високо ниво на антитела”, рече тој, додавајќи дека по вакцинацијата имала треска.