Путин и првиот претседател на Казахстан Назарбаев разговараа во Москва

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин оствари средба со поранешниот прв претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, соопшти денеска Кремљ.

Loading...

Средбата се одржа во резиденцијата на Путин, која се наоѓа во московското предградие Ново-Огарево.

Повеќе детали за оваа средба не се објавени, пренесува Тас, пренесува Танјуг.

Претходната позната средба меѓу Путин и Назарбаев се одржа на крајот на 2023 година, според агенцијата.

Како што тогаш објави секретарот за печат на Кремљ, Дмитриј Песков, тоа било „од апсолутно приватна природа“.

Назарбаев (84) беше првиот претседател на Казахстан, а на чело на таа земја беше од 1991 до 2019 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин одлучи: Русија започнува своја „Евровизија“

Во март 2019 година, тој потпиша указ за оставка на негово лично барање.

Негов наследник на чело на државата е Касим-Жомарт Токаев.

Loading...