Путин и Мохамед бин Салман разговараа за стабилноста на енергетскиот пазар

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин и престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман Ал Сауд во телефонски разговор разговарале за обезбедување стабилност на глобалниот енергетски пазар, соопшти прес-службата на Кремљ.

Loading...

„Темата стабилност на глобалниот енергетски пазар е детално дискутирана. Нивото на соработка во рамките на организацијата ОПЕК плус, која овозможува навремени и ефективни чекори за одржување на рамнотежата меѓу понудата и побарувачката на нафта, беше високо оценета од двете страни“, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости.

Путин и Мохамед бин Салман ја истакнале важноста на договорите за нафта постигнати за време на министерскиот состанок во Ријад, пренесува Танјуг.