Путин и Лукашенко разговарале за научна и образовна соработка

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко денеска разговараа за развојот на научната и образовната соработка меѓу Русија и Белорусија, соопшти прес-службата на Кремљ.

Loading...

Претседателите денеска телефонски разговарале за актуелните прашања од билатералната соработка, вклучувајќи го и натамошниот развој на врските во научната и образовната сфера, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Претходно денеска на каналот „Pool One“ на социјалната мрежа Телеграм, кој е близок до прес-службата на белорускиот претседател, беше објавено дека Путин и Лукашенко имале разговор.