Соработката на Русија со Турција и Иран и натаму дава конкретни резултати во Сирија и создава услови таму да се започне дијалог, изјавил рускиот претседател Владимир Путин.
ТОј ова го изјавил по разговорот со рускиот колега Реџеп Таип Ердоган кој траел повеќе од четири часа.
Русија ќе продолжи да соработува со Турција за да помогне во решавањето на сириската криза, истакнал Путин на заедничкат аконференција за новинари со Ердоган, пренесува Ројтерс.
Агенцијата Тасс наведува дека разговорот на Путин и Ердоган првобитно се одвивал во поширок формат, а потоа претседателите се издовиле и го продолжиле својот разговор кој траел четири часа.
Рускиот претседател рекол дека нивото на насилство во Сирија е намалено и дека се создадени услови за спроведување на меѓусирискиот дијалог.
– Го информирав Ердоган за неодамнешните рпеговори во иран, како и за заедничката изјава на Русија и САД за Сирија, рекол Путин и додава дека е неопходно да се продолжи со напорите за да се дојде до долгорочна стабилизација на ситуацијата во Сирија.
Тој се осврнал и на проектите кои Русија ги реализира во Турција истакнувајќи дека руската корпорација за нуклеарна енергија „Росатом“ наскоро започнува нов проект за изградба на нуклеарни електрани Акуја.
На почетокот на самата средба Путин изјавил дека односите помеѓу Турција и Русија практично се во целост обновени.
Тој додал дека по падот на грговската размена во 2016 година таа сега е обновена и поголема во однос на таа од минатата година за скоро три пати.