Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, денеска во телефонски разговор го покренаа прашањето за размена на заробеници меѓу Русија и Украина, пред се повредени, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Кремљ.
Во соопштението се наведува дека Путин го свртел вниманието на „деструктивната линија на Киев, која се потпира на интензивирање на непријателствата со поддршка на западните спонзори“, кои, како што рече, го зголемуваат обемот на пренесено оружје и воена опрема.
Се додава дека пример за „лицемерната политика на Киев“ било отфрлањето на предлогот за прекин на огнот за време на православниот Божиќ, пренесува РИА Новости.
Шефовите на држави разговарале за напредокот во имплементацијата на договорот за житото, а разговарале и за Сирија, како и за развојот на соработката меѓу двете земји, вклучително и проектот за гасен центар.