Путин го прими шефот на кинеската дипломатија, но на мала маса

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Кремљ го прими шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји, објавија руските државни медиуми.

Loading...

На снимката што ја објави руската телевизија се гледа како кинеската делегација седи со Путин и неговите соработници на релативно мала маса.

Овие сцени се отстапување од вообичаените сцени на средбите на Путин околу огромна маса.

Дописникот на Би-Би-Си Стивен МекДонел наведува дека Кремљ можеби сакал симболично да ја предложи блискоста на Кина и Русија со помалата маса.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на најголемата банка што ја поддржува Украина, не е поканет во владата на Трамп