Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воспоставуваат правни норми за воведување на дигитална рубља.
Законот ги воведува основните концепти за дигиталната валута, го дефинира нејзиниот правен статус и статусот на трансакциите со посебна платформа со која управува Централната банка.
Овие операции ќе се вршат во согласност со прописите одобрени од Управниот одбор на финансискиот регулатор.
Со ова се определуваат и тарифите за вршење трансакции со третата форма на национална валута и условите под кои банките мора да им обезбедат на корисниците можност да ги вршат овие трансакции.
Предвидено е за физичките лица трансферите и плаќањата да бидат бесплатни, а за деловните единици тарифата за примање плаќања ќе изнесува 0,3 отсто од уплатата.
Во документот е забележано дека нема да може да се отвори сметка во дигитални рубљи и да се земе заем, а нема да се утврдува каматна стапка за „дигитални паричници.