Рускиот претседател Владимир Путин одржа видео конференција со кинескиот лидер Си Џинпинг.
Путин истакна дека односите меѓу двете земји покажуваат зрелост и стабилност во светло на растечките геополитички тензии, а го покани и кинескиот претседател следната година да ја посети Москва.
„Не се сомневам дека ќе најдеме можност лично да се сретнеме. Ве очекуваме, почитуван господине претседателе, драг пријателе, пролетта следната година во официјална посета на Москва“, рече Путин за време на разговорот со претседателот на Кина.
Рускиот лидер истакна дека ова ќе му ја покаже на светот силата на руско-кинеските врски во клучните прашања и дека тоа ќе биде главниот политички настан на годината во билатералните односи, пренесе Спутник.
„Во контекст на растечките геополитички тензии расте важноста на руско-кинеското стратешко партнерство како стабилизациски фактор. Нашите односи достоинствено ги издржуваат сите тестови, покажуваат зрелост и стабилност, продолжуваат динамично да се развиваат. Како што нагласивме претходно, овие врски се најдобри во историјата, тие претставуваат модел на соработка меѓу големите сили во 21 век“, рече Путин.
Тој, исто така, му честиташе на својот кинески колега за успешното одржување на 20. Конгрес на Комунистичката партија на Кина и неговиот реизбор за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина.
Соработката во воено-техничката сфера зазема посебно место во односите меѓу Русија и Кина.
„Се разбира, посебно место во целиот систем на руско-кинеска соработка, нашите односи заземаат воена и воено-техничка соработка што придонесува за обезбедување на безбедноста на нашите земји и одржување на стабилноста во клучните региони. Нашата цел е да ја зајакнеме соработката меѓу вооружените сили на Русија и Кина“, рече Путин.
Тој исто така додаде дека координацијата на Русија и Кина на меѓународната сцена служи за формирање праведен светски поредок.
Трговскиот промет меѓу Русија и Кина се зголеми за 25 отсто
„И покрај неповолната надворешна ситуација, нелегитимните ограничувања и директните уцени на одредени западни земји, Русија и Кина успеаја да обезбедат рекордно високи стапки на раст на меѓусебната трговија. Вкупниот пораст на крајот на оваа година ќе биде околу 25 проценти. Со таква динамика ќе можеме да ја постигнеме целта од 200 милијарди долари до 2024 година пред предвиденото“, рече Путин.
Според тешката меѓународна ситуација, Кина е подготвена да ја зголеми стратешката соработка со Русија, најави кинескиот претседател Си Џинпинг.
„Соочени со тешка, во никој случај едноставна меѓународна ситуација, ние сме подготвени да ја зголемиме стратешката соработка, да си обезбедиме можности за развој, да бидеме глобални партнери за доброто на луѓето на нашите земји и во интерес на стабилноста во целиот свет“, рече Си Џинпинг за време на разговорот со рускиот лидер.