Путин го отвори самитот Русија-Африка: Бесплатни житарки за шест африкански земји

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин го отвори самитот Русија-Африка во Санкт Петербург со ветување дека ќе испорача бесплатно жито „во следните месеци“ во шест африкански земји.

Loading...

„Во следните месеци ќе можеме да обезбедиме бесплатна испорака на 25.000 до 50.000 тони жито“, рече Путин во говорот што го пренесе руската телевизија.

Како што наведе, зрната ќе бидат доставени во Буркина Фасо, Зимбабве, Мали, Сомалија, Централноафриканска Република и Еритреја.

Африканските земји изразија загриженост по неодамнешното раскинување на договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море.

Во Санкт Петербург денеска почнува вториот дводневен самит Русија-Африка. Првиот се одржа во октомври 2019 година во Сочи, на Црното Море.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем пожар во Татарстан по напад на украински дрон

Планирани се повеќе од 50 средби и тркалезни маси на бројни теми, од економска соработка до храна, преку енергија, безбедност, образование и здравство.