Путин го честиташе Денот на државноста на Кина

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на кинескиот лидер Си Џинпинг за 73-годишнината од Народна Република Кина, соопшти денеска Кремљ.

Loading...

„Односите меѓу Русија и Кина беа динамични, се развиваа во духот на сеопфатно партнерство и стратешка соработка. И покрај турбулентната ситуација на глобално ниво, ние успешно соработувавме на различни полиња и ги здруживме силите за да изградиме подемократски и праведен светски поредок, борејќи се против современите закани и предизвици“, напиша Путин во честитката до кинескиот претседател објавена од Кремљ.

Путин ја повтори својата подготвеност да го продолжи дијалогот и „блиската соработка во корист на пријателските народи на Русија и Кина“, пренесе Тас.