Путин ги призна Доњецк и Луганск: Русија ја создаде Украина

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин донесе одлука да ги признае териториите на проруските бунтовници како независни републики, потврди Кремљ.

Loading...

– Модерна Украина ја создаде Русија, болшевичка Русија. Украина не е само наша соседна земја. Тоа е нераскинлив дел од нашата историја, во која живеат нашите пријатели и роднини – рече Путин во вечерашното обраќање до нацијата.

Тој ја нарече ситуацијата во источна Украина „критична“.

– Денешна Украина би можела да го носи името на Владимир Илич Ленин, тој ја создаде – рече Путин во телевизиско обраќање.

Тој оценува дека Украина е геополитичка фикција создадена од Сталин во 1920-тите – „таа земја беше оштетена од распадот на СССР“.

 

СЕ ОГЛАСИ БАЈДЕН: Америка воведе санкции за Русија

 

Loading...

– Некои ќе речат „добро, се е познато“, но ние треба да разбереме што се случува денес и да ги објасниме целите пред нас, па затоа е важно да се објасни заднината. Украина од самиот почеток е руска. За жал, комунистичка Русија, Ленин и неговите другари прилично брутално отцепија од Русија некои историски руски делови без никој да ги праша Русите за тоа.

Во зората на Втората светска војна, комунистите анектираа делови од Русија и анектираа историски германски територии кон Украина. Сталин поради некоја причина и го даде Крим на Украина и така се создаде.

Би сакал да ве потсетам, кога зборуваме за револуцијата од 1917 година, болшевиците почнаа да создаваат нова држава…

Зошто требаше да исполниме нечии национални амбиции? Зошто моравме да даваме некои права, права на територии кога историски беше дел од Русија? Те прашувам зошто моравме да бидеме толку дарежливи? Тоа е лудо. Но, има објаснување.

По револуцијата, болшевиците сакаа да останат на власт по секоја цена, па затоа беа подготвени на се, дури и на понижување. Тие беа во многу тешка положба, ги исполнуваа сите барања на разни националисти. Тоа не беше само грешка, туку нешто уште полошо, а по распадот на СССР стана очигледно – рече Путин.