Путин до Макрон: Префрлање на одговорноста за инцидентот во украинската нуклеарна централа на Русија е пропаганда

Сподели со своите пријатели

Во телефонски разговор со францускиот колега Емануел Макрон, рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека обидите да се префрли одговорноста за инцидентот околу нуклеарната централа Запорожје на руската армија се дел од пропагандна кампања, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Обидите одговорноста за инцидентот да се префрли на руската војска се дел од цинична пропагандна кампања“, рече Путин во изјавата.

 

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја бомбардираат Одеса

 

Путин го информирал Макрон за провокацијата организирана од украинските екстремисти во областа на нуклеарната централа Запорожје, додаваат од прес-службата.

„Во однос на загриженоста на Макрон за обезбедување на безбедноста на нуклеарните централи на територијата на Украина, рускиот лидер детално извести за провокацијата на украинските екстремисти во областа на нуклеарната централа Запорожје со учество на диверзантска група. се вели во соопштението.

 

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја бомбардираат Одеса

 

Претседателот на Русија го информираше својот француски колега дека руската армија и украинската безбедносна единица продолжуваат да ја обезбедуваат работата на нуклеарната централа во Запорожје, како и дека физичката и нуклеарната безбедност на електраната е добро заштитена.

Според рускиот лидер, руските вооружени сили ја контролираат нуклеарната централа во Чернобил со цел да се исклучи можноста за провокации организирани од украински неонацисти.

 

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја бомбардираат Одеса

 

„Руските вооружени сили ја контролираат и нуклеарната централа Чернобил. Сето ова се прави со цел да се исклучи можноста украински неонацисти или терористи да организираат провокации кои би можеле да предизвикаат катастрофални последици, изјави Путин, а пренесува прес-службата.

За време на разговорите, рускиот лидер напомена дека не се противи на средбата во формат на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) – Русија-Украина, но не во Чернобил, туку во формат на видео конференција или во трета земја. .