Пуштен во употреба реконструираниот дел од Домот за стари лица „Зафир Сајто“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово денеска беше пуштен во употреба реновираниот дел од објектот од страна на менаџерскиот тим, како и градоначалникот Зоран Дамјановски заедно со локалната самоуправа.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”322″]

 

Според директорот Џемаљедин Неџипи секоја година условите во Домот за стари лица значително се подобрува, а ова е едно од поголемите реновирања на објектот изграден во 1978 година, по минатогодишното кога беше пуштен во употреба Одделот за геријатрија.

Тогаш ветив дека ќе продолжиме да инвестираме и во други постории се со цел нашите корисници да бидат задоволни со нашите услуги за сместување кои ги нудиме. Реновираниот дел т.н. Прв реон што денеска ќе го пуштиме во употреба брои 13 соби и 12 тоалети и едно купатило – вели директорот Неџипи.

 

Како што додава тој стратешка цел на менаџерскиот тим е на корисниците да им обезбедат активен социјален живот, квалитетни здравствени услуги и добри услуги за сместување.

За да го зголемиме квалитетот на повисоко ниво ќе ни треба помош и од други субјекти како што се Министерство за труд и социјална политика, општината и други субјекти. Во јануари имаме склучено договор за соработка со Општата болница Куманово за визита на интернист и психијатар. Согласно склучениот договор истите еднаш неделно ќе ги прегледуваат корисниците – додава Неџипи.

Според финансискиот извештај на Домот за стари лица за оваа година предвидени се уште 100 илјади денари за реконструкција на други простории во објектот.

Според градоначалникот на Општина Куманово на еден град со над сто илјади жители една ваква установа и е потребна, меѓутоа како што истакна тој изминатите десет години Министерството за труд и социјална политика не вложува во оваа социјална установа, ниту во градинките во градот.

Врз основа на успешното менаџирање со јавната установа минатата година имавме супцесивно реновирање, еден дел реновирање на простории од Домот за стари лица, сега како што истакна директорот 13 соби, 12 толаети, холови, нешто што од изворните приходи на самата установа успеваме да го одржуваме овој Дом за стари – изјави Дамјановски.

 

Градоначалникот истакна дека со промена на политичката клима во земјата се надева дека во иднина Министерството за труд и социјална политика ќе се ангажира кон еднаков пристап до сите општини.

Инаку реновирањето на Домот за стари лица е во износ од 3,6 милиони денари.