Пункт за донации отворен пред ТЦ „Сума“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Во холот на Трговскиот центар „Сума“ во Куманово, во организација на невладината организација „Крепост“ утре и задутре ќе трае хуманитарната акција за донација на настраданите во скопските населби по страотното невреме кое во сабота навечер однесе 22 човечки животи.

Почнавме сабајле во девет часот, имаме одличен одзив меѓу граѓаните. Предност е што веднаш тука има и супер маркет кај луѓето можат да купат и да ги остават производите. Има неколку превозни компании од Куманово да ги однесат овие намирници на пунктовите во Скопје. Акцијата е во три дела. Првиот е во продажба на мајци со логото на Крепост, по симболична цена од 200 денари. Втората е финансиска кутија и донација за оние кои што не можат да обезбедат прехрамбени производи, меѓутоа даваат финансиски средства од кои што ние ќе купите и ќе ги доставиме до загрозените и третата е преку собирање прехрамбени производи – вели Христија Ѓоргиевски од здружението Крепост.

13987864_10210212305049994_215414842_o

 

Сите кои ќе сакаат да донираат пунктот на Крепост ќе остане активен до вечерва до 22 часот вечерва, но и во текот на утрешниот ден.

За помош на настраданите веќе се организираат неколку вакви пунктови во градот, донираат граѓаните, физички и правни лица, но и политичките субјекти.