Пукање во училиште во Русија: Ученик ранил другар, а потоа скокнал низ прозорец (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во средно училиште во Чељабинск, ученик од деветто одделение ранил соученик, користејќи пластичен самострел и сигнален пиштол, соопшти прес-службата на регионалната влада.

Инцидентот се случил кога напаѓачот пукал со сигнален пиштол, а потоа се обидел да избега низ прозорецот и се повредил, објави РИА Новости.

Двајцата ученици се хоспитализирани, но нивните животи и здравје не се во опасност.

Наставата во училиштето е прекината, а обвинителството ќе спроведе инспекција на безбедносните мерки и контролата на пристапот во образовната институција.

Покрената е кривична постапка за обид за убиство.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Министрите за надворешни работи на Г7 се состануваат во Франција за справување со глобалните кризи