Пукање во липковско: Од возилото пукал кон две лица

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишник од липковско бил приведен под сомнение дека пукал кон автомобил во кој имало две лица.

– На 06.03.2026 во 06:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Полициско одделене Матејче го лишија од слобода А.М.(39) од с.Отља, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека во 00:15 часот од с.Ропаљце кон с.Никуштак, липковско, од возило „џип“ во кое се превезувал со уште неколку лица, испукал неколку куршуми кон возило „опел омега“ со кумановски регистарски ознаки, во кое биле Е.Ш.(45) од с.Отља, и Х.А.(43) од Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец починал во декември, сестра му сега се сомнева дека бил отруен

Повредени лица нема, велат од полицијата, и на возилото нема траги од куршуми, додека на местото се пронајдени три чаури

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски