Пукање во Кентаки – маж уби двајца и рани неколку полицајци

Сподели со своите пријатели

Двајца полицајци беа убиени, а петмина беа ранети кога маж отвори оган врз полицајците кои се обидуваа да издадат налог за апсење во источен Кентаки, соопштија официјални лица.

Loading...

Полицајците отишле во домот на Ленс Сторц за пријава за семејно насилство, кога тој испукал повеќе истрели кон нив, убивајќи двајца полицајци и едно полициско куче К9.

Во престрелката се ранети пет полицајци.

Идентитетот на убиените полицајци сѐ уште не е соопштен.

Службениците кои одговарале на повикот наишле на „чист пекол“ кога пристигнале на местото на настанот, им рекол на новинарите шерифот на округот Флојд Џон Хант.

„Полицајците на местото на настанот беа под оган со часови. Тие немаа шанси“, рече Хант.

Тој додаде дека Сторц се предал по преговорите во кои биле вклучени членови на неговото семејство.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, напиша на Твитер дека округот Флојд претрпел ужасна загуба и ги повика жителите на Кентаки да се молат за семејствата на загинатите и повредените.

Loading...

„Ова е тешко утро за нашата заедница. Овие херои жртвуваа сè за да го заштитат нашиот народ“, напиша Бешеар.