Двајца јапонски војници загинаа, а еден е тешко повреден откако регрут денеска ги застрела со пушка на полигон во централната префектура Гифу, соопшти полицијата.
Loading...
18-годишен војник бил уапсен на местото на настанот за наводен обид за убиство по инцидентот што се случи околу 9 часот за време на обука во објектот на Јапонските одбранбени сили.
Признал дека пукал, соопшти полицијата, пренесува Kyodo.
Тројца мажи, двајца на 20-ти и еден на 50-годишна возраст, се пренесени во болница откако се повредени во инцидентот, соопштија локалните власти.
Нема извештаи за цивилни жртви во инцидентот.