Пукање во Калифорнија: Четворица убиени, меѓу нив и полицаец

Сподели со своите пријатели

Еден полицаец и уште четири лица се убиени за време на викендот при пукање во куќа во долината Сан Хоакин во Калифорнија, потврдија американските власти.

Меѓу убиените има и осомничен напаѓач и три лица од куќата кои очигледно биле жртви на вооружен напад, соопшти полицијата.

Властите исто така потврдија дека неколку други полицајци биле повредени за време на насилството во неделата попладне во Васко, мало рурално подрачје северозападно од Бејкерсфилд.

Според првите извештаи, полицајците кои интервенирале поради дојавата за пукањето во куќата биле мета на напаѓачите, но без последици, а после тоа интервенирала екипа на специјалци и еден од нив бил смртно ранет при приближување до објектот.

Другите детали за овој инцидент сè уште не се познати.

Leave a Reply