Две лица загинаа, а едно е повредено во пукање во црква во американската сојузна држава Алабама, а напаѓачот е уапсен, соопштија денеска властите.
Loading...
Пукањето се случило за време на собир на мала група луѓе во епископската црква Свети Стефан во предградието на Бирмингем.
Според капетанот на полицијата Шејн Вар, полицијата излегла на лице место по пријавата дека напаѓачот влегол во црквата и почнал да пука, пренесува АП.
Според него, погодени се три лица, од кои две починале од повредите.
Вар додаде дека напаѓачот е уапсен и дека нема закани за јавната безбедност.