Пукање со огнено оружје во двор на средно училиште во Липково
On:
Сподели со своите пријатели
Испукан проектил од засега непознато оружје вчера бил пронајден во дворот на СОУ „Исмет Јашари“ во селото Липково, откаок С.А. (45), најверојатно вработен во училиштето пријавил до надлежните дека слушнал истрели, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен вчера околу 14:45 минути во Полициската станица Матејче. Лицето со иницијали С.А. на полицијата која излегла на местото на настанот изјавил дека додека траел училишниот час околу 14:30 слушнал неколку истрели од огнено оружје по што излегол во дворот на училиштето непосредно пред влезот од спортската сала каде го забележал проектилот.
Од полицијата уверуваат дека се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот.