На 03.03.2017 година околу 22,45 часот во Куманово на ул.„413“во дворот од куќата на З.И. (35), влегле две непознати лица, најверојатно за да извршат кражба.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи З.И. ги забележал и им се обратил со висок тон и тргнал кон нив, при што еден од нив испукал три куршуми од огнено оружје по што избегале преку соседниот двор. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово, при што биле пронајдени и подигнати за вештачење две чаури.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.