Пукање околу аеродромот во Кабул, сѐ повеќе земји јавуваат дека нема да можат да ги извлечат сите

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата на аеродромот во Кабул не се смирува, а во исто време бројот на држави кои предупредуваат дека нема да можат да ги извлечат од Авганистан сите оние кои сакаат да избегаат од Талибанците се зголемува.

Loading...

Колоната автомобили на патот кон аеродромот во Кабул е долга три километри, јавува дописникот на Би – Би – Си, Малик Мудасир.

Пукање околу аеродромот

„Кога се приближивме до аеродромот, звуците на пукотници стануваа сѐ погласни“, рече Малик.

Кога новинарскиот тим на Би – Би – Си се обиде да разговара со луѓето собрани пред аеродромот, вооружените авганистански војници строго им рекоа веднаш да се оддалечат.

„Војниците беа многу лути. Имаа нешто како камшик во рацете, дури и нѐ удрија неколку пати. На крајот, тие ги проверија нашите прес – картички и нѐ пуштија да си одиме“, рече Малик.

Само четири авиони денеска полетаа од аеродромот во Кабул, а еден пакистански лет беше откажан. Сѐ уште не е познато зошто.

„Оние што се обидуваат да заминат се семејствата на Авганистанците кои на еден или друг начин работеле со странците, како преведувачи или во медиуми. На нивните лица може да се види тага, како некој насилно да ги протера од својата татковина“, наведува Малик.

Loading...

Британски министер: Нема да можеме да ги добиеме сите оние што би сакале

Британскиот министер за одбрана Бен Валас во интервју за Би – Би – Си призна дека нема да може да ги извлече сите оние што би сакале од аеродромот во Кабул.

„Во последните 24 часа извлековме 2.000 луѓе, или 10.000 луѓе од април. Фокусирани сме да извлечеме што е можно повеќе луѓе“, рече Валас.

„Но, нивото на предизвик е такво што нема да можеме да ги извадиме сите. Мораме неуморно да воведуваме приоритети“, додаде тој.

„Сакаме да останеме по 31 август, ако е можно. Но, оние што одлучуваат за тоа се САД и Талибанците“, рече Валас.

„Талибанците можат да ни го отежнат животот. Се ќе зависи од договорот меѓу САД и Талибанците. Ако Америка одлучи да не остане по 31 август, тогаш ќе одиме на тој ден“, заклучи тој.

Шпанија: Ќе евакуираме што е можно повеќе луѓе

И Шпанија призна дека нема да може да ги евакуира сите Авганистанци кои работеле со шпанските сили. Како причина ја наведуваат „драматичната ситуација на теренот“.

Loading...

„Ќе евакуираме што е можно повеќе луѓе, но некои луѓе ќе останат таму од причини кои не зависат од нас, туку од драматичната ситуација на теренот“, рече шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес во интервју за Радио Кадена Сер.

Набргу потоа, слично признание пристигна и од германскиот министер за надворешни работи.

САД и нивните сојузници нема да можат да ги повлечат сите Авганистанци кои имаат услови да заминат до 31 август, призна германскиот министер за надворешни работи, пренесува Индекс.