Пукање од возило во движење во Арачиново, оштетено возило на кумановец

Сподели со своите пријатели

„Голф“ со кој се движел триесет и тригодишник од кумановско Черкези бил оштетен при пукање од возило во движење во селото Арачиново.

– На 19.01.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, О.Ј.(33) од с.Черкези, кумановско, пријави дека околу 17:20 часот во с.Арачиново од возило во движење „фолксваген пасат“ биле испукани неколку истрели, при што било оштетено ветробранското стакло од патничкото возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, со кое се движел, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  11 малолетници под дејство на алкохол откри полицијата на приватна забава во Куманово