Пукање од возило на булеварот „Октомвриска револуција“

Сподели со своите пријатели

Пукање од возило било слушнато вчера попладне на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

– На 03.09.2025 година во 15.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булевар ” Октомвриска револуција ” во Куманово се слушнало пукање од огнено оружје од патничко моторно возило, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Засега нема повеќе информации за каков инцидент станува збор, но од полицијата уверуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претстава за деца утре во рамки на фестивалот „Куманиум“