Птицата го користи ливчето од цветот како да е нејзина када за капење (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Последните шест години, Рахул Синг фотографира див свет околу неговиот дом во Jалпаигури, Индија. Снимил неверојатни моменти на слонови, носорози, елени, чакали и мајмуни, но најстраствен е за шарените птици што се гнездат околу неговиот град. Минатиот август фати момент кој го запрепасти.

Loading...

„Видов птица како се капе во ливче од цвет од банана“, изјави Синг за Додо.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rahul Singh (@rahulsinghclicks)

 

Утринската роса се насобра во црвениот цветот, кој наликуваше на када, а птицата реши да побара освежување во неа.

Синг вели дека никогаш не видел такво нешто.

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rahul Singh (@rahulsinghclicks)

 

„Буквално бев запрепастен од глетката. Го држев притиснато копчето на фотоапаратот додека птицата се капеше”, додава тој.

Синг беше пресреќен што се најде на вистинското место во вистинско време и го овековечи овој бајковит момент. Тој подоцна ги објави фотографиите на Инстаграм и допре илјадници луѓе.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rahul Singh (@rahulsinghclicks)

 

„Ова беше вистински момент во животот. Неверојатно е како природата може да не изненади”, заклучи тој.

Loading...

Leave a Reply