Птица изумрена пред 136.000 години повторно се појави

Сподели со своите пријатели

Албадра, птица која не лета и живее на истоимениот коларен остров во Индискиот океан не изгледа ништо посебно на прв поглед. Но, оваа мала птица ги има сите права да се гордее затоа што успешно еволуирала два пати откако изумрела пред 136.000 години.

Loading...

Според студијатa објавена во „Зоолоџикал журнал“ оваа птица е редок пример за феномен кој се нарекува итеративна еволуција, во која предци од ист род произведуваат паралелни видови изданоци во рзлични времиња.

Фосилите на ова аптица се пронајдени пред и откако Албадра потонала пред околу 136.000 години, тврдат авторите на студијата Џулиан Хум, палеонтолог во Приридниот историски музеј во Лондон и Дејвид Мартил, палеонтолог на Универзитетот Портсмаут.

Зголемувањето на нивото на морето ја уништило итерацијата на овие птици, чии предци се од Сејшели и Мадагаскар. Скоро чудно, истиот виде изгледа имигрирал и се појавил под бран на корален остров десетици илјади години подоцна, пишува „Вајс“.

Фосилите покажуват дека повторно еволуирале како нелетечки поради недостатокот на предатори на Алдабра. Пред околу 100.000 години, процесот на еволуција веќе произвел иста птица која изумрела десетици илјади години претходно.

Итеративната еволуција е забележана кај многу животни, како морски крави, амонити и морски желки.

– Не знаеме за други примери на ждралови или други птици генерално, кои го демонстрирале воој феномен толку јасно. Само на Алдабра, која е најстариот забележан остров во регионот на Индискиот океан, постојат фосилни докази кои прикажуваат ефекти за промена на нивото на морето на изумирање и реколонзијација, рекол Мартил.

Нивота на мората повторно растат, благодарение на климатските промени предизвикани со човечкото делување, така да модерните Алдабри можат да доживеат иста судбина како и нивните изумрени сестрински видови.

Loading...

Дури и ако таа мрачна иднина ги чека, можеби третата инкарнација на овој вид евентуално повторно ќе се појави на гребенот. Тоа значи дека скоро идентични видови можат да се појават во различни време, во различни ери и локации, дури и кога претходните итерации изумреле.

фото: Wikipedia/Charles J sharp/University of Portsmouth

Leave a Reply