Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала може да ги смени клубовите во текот на летниот преоден рок, пренесува „90min“.
Loading...
Според изворот, ПСЖ е сериозно заинтересиран за 27-годишниот Аргентинец, но самиот фудбалер сонува да ја продолжи кариерата во Премиер лигата. Не е прецизирано дали има некаков конкретен интерес од англиски клубови за фудбалерот.
Сезонава Дибала во Серија А одигра седум натпревари. Неговиот договор со Јувентус трае до летото 2022 година.
Зоран Стерјовски