ПСЖ подготвен да го раскине договорот со Хесе

Сподели со своите пријатели

Играчот за врска на Пари Сен-Жермен, Хесе, може да го напушти тимот во зимскиот преоден рок, пренесува „Deportes Cuatro“.

Loading...

Според изворот, 27-годишниот Шпанец е незадоволен од својата позиција во клубот, а наводно главниот тренер на парижаните, Томас Тухел, јасно ставил до знаење дека не смета на играчот.

Хесе се пресели во ПСЖ од Реал Мадрид во 2016 година за 25 милиони евра. Минатата сезона играше на позајмица за Спортинг Лисабон. Во португалскиот шампионат имаше 12 настапи и еден гол.

Во тековната сезона од француската Лига 1, Хесе одигра два натпревара.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply