Тетоважите се правеле на телото како украс со години, а нивната појава влече корени далеку во историјата.
Со оглед на зголемената популарност, се повеќе истражувања вршат психолозите и експертите за да се покаже какви се луѓето кои прават тетоважи и што всушност им претставуваат цртежите на телото.
Спроведена е неодамнешна студија предводена од Вирен Свами од универзитетот Англија Раскин.
Откриено е, според анкетен прашалник упатен од луѓе со тетоважи и оние без, дека оние кои украсиле дел од телото со цртеж или текст, имаат три карактеристики што значително ги разликуваат од оние кои не се определиле за овој потег.
- Тие се екстровертни
Тие се поотворени, имаат повеќе енергија, сакаат да се дружат и да разговараат, околината ги смета за забавни и љубезни.
- Тие се единствени
Авторите на студијата велат дека луѓето со тетоважи треба да бидат единствени, различни од другите. Тие сакаат да се изразат, своите ставови, мисли и да ги покажат своите разлики и идентитет.
- Сакаат искуства
Исто така, покажано е, според прашалникот, дека луѓето кои имаат тетоважи се повеќе склони кон авантури, тие се спонтани, желни за нови искуства и познанства, пренесува psychologytoday.com.