Психолошки тестови за кои нема да верувате дека постојат (видео)

Сподели со своите пријатели

Психолошките тестови често покажуваат неочекувани резултати, што е поголем примерокот, поточен е резултатот. Еден од поинтересните е и манчмелоу експериметот, правен на деца, кои подоцна биле следени во животот. Резултатите од оваа истражување се изненадувачки.

Во приложеното видео можете да погледнете десет тестови кои се правени на луѓето, а некои од нив се граничат со научна фантастика.

Првиот пример покажува дека луѓето следат маса, дури и кога знаат дека таа не е во рпаво, секогаш е полесно кога не се истакнуваш, велат психолозите и поголемиот дел се води кон таа логика.

Вториот е манчмелоу експериментот кој е правен ан деца на бозраст од четири до шест години. на Група на деца е понуден избор, може да го изедат чоколадцето веднаш или да почекаат 15 минути, а во тој случај ќе бидат наградени се уште едно. Истражувањето покажало дека децата кои успеале да почекаат потребно време, подоцна биле многу поуспешни во животот.

Карлсберг социјалниот експеримент покажал дека луѓето се робови на навиките.

Потоа погледнете што покажал експериментот во кој дете и шимпанза растат заедно, но и што психолозите мислат за „перењето мозоци“ и експериментот правен во ментална болница.

Експериментот за расизам покажал дека кога очекувате луѓето да не успеат во нешто што го прават, обично така и испаѓа.

На децата на училиште им е кажано дека учениците со плави очи се подобри од децата со кафеави очи и многу брги тие започнале да се вознемируваат и да ги малтретираат децата со кафеави очи кои на училиште покажувале се полоши резултати. По неколку дена ситуацијата се променила. Учителката тогаш соопштила дека децата со кафеави очи се подобри од децата со сини, и тогаш децата со потемни очи се покажале како подобри на училиште.

Истражувањето покажало дека како се однесувате кон децата, односно луѓето, такви веројатно и ќе бидат.