Психијатриско лекување за пироманот што запали 11 автомобили во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пироманот што запали 11 автомобили за еден час во Kуманово ќе мора да оди на задолжително психијатриско лекување оти бил непресметлив за време на пироманскиот пир, во октомври лани во Kуманово, дознава „Дневник“.

Психијатрите што го вештачеле осомничениот З.М.(39) утврдиле дека тој бил непресметлив и под дејство на алкохол кога ги палел автомобилите на сограѓаните. Основното јавно обвинителство во Kуманово неодамна го добиле вештачењето, па одлучило против пироманот да не подигне обвинение за тешки дела против општата сигурност, а за кое му беше поднесена кривична пријава од МВР.

Обвинителството донело одлука З.М. да биде испратен на задолжително психијатриско лекување во здравствена установа.

Одлуката е испратена до Основен суд Kуманово, кое е надлежно за понатамошната постапка. Осомничниот е на слобода бидејќи истече максималниот временски рок на притворот во кој тој можеше да се задржи за делото за кое се теретеше.

На З.М., сепак, му е одземена патната исправа, а тој досега редовно се јавуваше на задолжителните појавувања во судот – рекоа од Обвинителството. По апсењето З.М. признал дека ги палел автомобилите бидејќи бил нервозен поради загубените пари на коцка, а гневот му го зголемил и алкохолот под чие што дејство бил.

Повеќе прочитајте на следник линк.