Пржената храна – една од причините за мозочен удар

Сподели со своите пријатели

Луѓето кои често консумираат пржена храна, се изложени на голем ризик од мозочен удар. Ова се резултати добиени од истражувањето спроведено во Северна Каролина за врската помеѓу начинот на исхрана и здравствената состојба.

Во експериментот учествувале речиси 90 000 души кои биле во одлична здравствена состојба во почетокот на проектот. Се покажало дека доброволците кои консумирале мрсна и пржена храна се изложени на сериозен ризик од мозочен удар. Причината е во тоа што маснотиите ги запушуваат артериите и водат до смртоносната состојба.

„Докажавме дека ако луѓето се хранат правилно, спортуваат редовно, избегнуваат пржена и мрсна храна, земаат аспирин и омега 3, се заштитени од инсулт“ тврдат експертите. Резултатите покажале уште дека пржената храна ја зголемува опасноста од инфаркт и диабет.