Научниците веруваат дека породувањето во вселената би можело да стане реалност за шест години, колку и да звучи тоа како научна фантастика, пишуваат британските медиуми.
Компанијата „SpceLife origin“ со седиште во Холандија објавила дека планира да го породи првото бебе во вселената во 2024. година и дека за тоа бара волонтери, пишува британски Дејли мејл.
Портпаролот на фирмата рекол дека во текот на мисијата која ќе трае измеѓу 24 и 36 часа, во вселената ќе бидат испратени трудница и добро обучен и висококвалитетен медицински тим.
Loading...
Внимателно подготвениот и надгледуван процес ќе ги предвиди сите ризики за мајката и детото, по пример на стандардите кои постојат на Земјата, објаснил портпаролот на компанијата.
Целта на овој план е да се подготви терен за човечка колонизација на вселената со што би се овозможило човековата раса да се репродуцира и на други планети.