Стартап компанијата планира да испрати бремени жени на 36-часовна мисија за да можат да се породат во орбитата. Првото бебе би можело да се роди во вселената во следните 12 години, изјави експертот д-р Еделброк.
Основачот и извршен директор на „SpaceBorn United“, д-р Егберт Еделброк изјави дека компанијата планира мисии каде бремените жени можат да раѓаат во орбита, и дека во моментов целта не е целата бременост да се одвива во вселената, туку самиот чинот на раѓање.
SpaceBorn United е старт-ап компанија која ги истражува условите на репродукција на човекот во вселената и се фокусира на асистираната репродуктивна технологија.
Говорејќи на „Space and Science Congress of Asgardia the Space Nation“ во Германија, д-р Еделброк рече дека тоа би можело да се случи до 2031 година.
„Засега, ова е можно само во пониската Земјина орбита (ЛЕО) и само преку многу темелна постапка за избор“, рече д-р Еделброк.
Некои од условите за идните мајки и медицински персонал беа презентирани на конгресот.
„Можете да го поттикнете работниот процес како што тоа го прават во клиниките за вонтелесно оплодување. Планирањето е, се разбира, проблем – тешко е да се испланира природен процес како овој, ако нешто тргне наопаку со текот на времето или ако има одложување на породувањето”, рече Др. Еделброк.
Тој понатаму објаснува дека тие никогаш не би можеле да работат со само една бремена жена, туку можеби би имале околу 30 учеснички и тие би можеле да се породат во секое време.
Самиот ризик треба да биде многу помал, тоа е еден од условите.
На прашањето за 12-годишна проценка, д-р Еделброк рече дека тоа ќе зависи од финансирањето и развојот во секторот за вселенски туризам.
НАСА спроведе студија за бремени стаорци во 1997 година. Поради нивната изложеност на микрогравитација, тие успешно ги доведоа младите на свет, при што контракциите се зголемија двапати за ова време.
Во јуни годинава, д-р Ирина Огнева, раководител на лабораторијата за клеточна биофизика при Институтот за медицински и биолошки проблеми на Руската академија на науките, ја откри нејзината амбиција првото бебе родено во вселената да биде со руско потекло.
„Ние секогаш бевме први во вселената и сакавме првороденото суштество во вселенско да биде од Русија“, рече таа.
Но, таа призна дека досега руските космонаути одбиле да донираат сперматозоиди од вселената за научни студии.
Д-р Огнева не појасни дали очекува првото дете родено во вселената да биде зачнато во орбитата.
„Најважен не е само фактот детето да се роди, туку дека се роди здраво. И во таа смисла, ние несомнено сме лдиери во многу студии“, рече д-р Огнева.
Таа додаде дека е премногу рано да се постави цел, но изводливо.
„Од научна гледна точка, раѓањето на кој било цицач во вселената е цел што може да се постигне“, заклучи д-р Огнева.